Добредојдовте во светот на квалитет, конфорт и уживање. Ние вo "Тетра" - Фабрика за производство на тапациран мебел ги фокусираме нашите напори и ресурси на детали кои придонесуваат за зголемување на задоволството на нашите купувачи. Ние постојано произведуваме производи со исклучителен стил, вредност и квалитет. Достоинството, интегритетот и вредноста на нашите купувачи и вработени ќе биде секогаш ценето паралелно со нашата грижа за околината.
Кои сме ние?
Тетра-Анита ДООЕЛ е компанија која постои од 01.04.2004. Основна активност на компанијата е да произведува тапациран мебел: кревети, гарнитури, клубски фотељи итн. Припаѓаме во групата на мали претпријатија. Нашите материјали се добавуваат од домашниот пазар но мал дел од компонентите се добавувaат и од странство што ни овозможува да произведеме производи со различни стилови. Посебно го нагласуваме квалитетот и функционалноста на нашите производи кои се направени по мерка на нашите потрошувачи и постојано вршиме истражување на пазарот со цел да создадеме иновативни производи и да ги усовршиме постојаните.
Компанијата започна со 5 вработени, а моментално брои 12 кои што работат во следните департмани:
- машински
- склопување
- подготовка на сунѓер
- кроење
- шиење
- тапацир
- монтажа


