За Тетра

Добредојдовте во светот на квалитетот, конфорт и уживање. Ние вo “Тетра” – Фабрика за производство на тапациран мебел ги фокусираме нашите напори и ресурси на детали кои придонесуваат за зголемување на задоволството на нашите купувачи.

Произведуваме производи со исклучителен стил, вредност и квалитет.

Достоинството, интегритетот и вредноста на нашите купувачи и вработени ќе биде секогаш ценето паралелно со нашата грижа за околината.

Кои сме ние?

Тетра-Анита ДООЕЛ е компанија која постои од 01.04.2004. Основна дејност на компанијата е произведство на тапациран мебел.

Посебно го нагласуваме квалитетот и функционалноста на нашите производи кои се направени по мерка на нашите потрошувачи и постојано вршиме истражување на пазарот со цел да создадеме иновативни производи и да ги усовршиме постојаните.

Нашите идни планови се: проширување на капацитетот, технолошки иновации, нови вработувања и зголемување на продажбата во Македонија и пошироко.

zanas